Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 23.01.2020

    СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИКОТ ВРЗУВАН ЗА КРЕВЕТ КОЈ ГО ОБЕЛОДЕНИ НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 04.01.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

23.01.2020

Скопје

СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИКОТ ВРЗУВАН ЗА КРЕВЕТ КОЈ ГО ОБЕЛОДЕНИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАОТЕЛ ДОБИ СУДСКА РАЗРЕШНИЦА ВО СТРАЗБУР

Случајот, кој Народниот правобранител го обелодени во 2013 година, кога при редовна посета на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, затекна дете врзано за креветот под образложение дека тоа е за негова сигурност, доби судски разрешница во Судот за човекови права во Стразбур .

Имено судиите, по поднесената жалба од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права  пресудија во корист на малолетникот со образложение  дека со чинот на врзување за кревет се повредени неговите права.
Случајот со врзувањето беше објавен на прес-конференција на народниот правобранител, кога тој промовирајќи го Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2013 година објави дека при посета на Заводот за  заштита и рехабилитација Бања Банско откриени се четири сличаи на деца кои беа смесетни таму, но на кои дијагнозите не им одговараа за овој тип на сместување. Посебно беше апострофиран случајот со врзување на едно малолетно дете за креветот со образложение дека тоа е за негово добро.

Народниот правобранител овој случај го работеше речиси година и половина, временски период во кој успеа, не само на врзуваното дете туку и на другите три деца да им помогне со тоа што надлежните институции направија нова категоризација за овие лица, кои потоа беа сместени во соодветни установи.

Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2020
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија