Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 23.01.2020

    СЛУЧАЈОТ СО МАЛОЛЕТНИКОТ ВРЗУВАН ЗА КРЕВЕТ КОЈ ГО ОБЕЛОДЕНИ НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 04.01.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

04.01.2020

Скопје

ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 4 ЈАНУАРИ - СВЕТСКИОТ ДЕН НА БРАЈОВОТО ПИСМО

По повод 4 Јануари-Светскиот ден на Брајовото писмо, Народниот правобранител, со цел подигање на свеста за важноста на овој начин и средство за комуникација и за целосна реализација на човековите права на слепите лица, потсетува дека Брајовото писмо е еден од начините, односно средствата и форматите за комуникација, кое овозможува слепите лица да имаат пристап до информации и контакт со надворешниот свет, да напредуваат во образованието на сите нивоа, со што се овозможува нивното право на вработување и водење независен живот.
 
Суштинското значење на Брајовото писмо во контекст на образованието, слободата на изразување и мислење, како и за социјална инклузија на лицата со значајно или целосно оштетен вид,  е нотирано и во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Народниот правобранител свесен за бројните предизвици во користењето и учењето на Брајовото писмо, особено во земјите во развој, изразува загриженост за неговата минимална употреба во редовните училишта,  поради тоа што не постојат технички можности, опрема или човечки ресурси истото да се употребува, но и поради недостиг на квалификувани наставници на Брајово писмо. Следствено, не смееме да заборавиме дека секое дете кое е слепо, има право да учи на Брајово писмо од некој што е компетентен за неговата употреба.

Поради тоа, Народниот правобранител апелира да се исполнат обврските предвидени со Конвенцијата, особено во однос на прифаќањето и олеснување на користењето на Брајовото писмо како начин и формат на комуникација, при официјални интеракции, како што е наведено во член 21 од Конвенцијата, според кој лицата со попреченост имаат право на слобода во изразување и мислење, особено слобода да бараат, добиваат и доставуваат информации и идеи на еднаква основа со другите, преку сите форми на комуникација по нивен избор.

Народниот правобранител, исто така потенцира дека согласно член 9 од Конвенцијата потребно е во објектите и другите капацитети отворени за јавноста да се обезбедат знаци на Брајово писмо, но и да се преземат мерки што поскоро да се ратификува Договорот од Маракеш, кој до денес е ратификуван од 38 земји, а потпишан од повеќе од 60 земји, со кој се олеснува пристапот до објавени литературни дела и печат за лицата со оштетен вид, со што ќе се обезбеди правна рамка преку која ќе се уреди достапноста до литература и печат во пристапен формат.

Само со реални заложби ќе им овозможиме на слепите лица и лицата со тешка слабовидност да напредуваат во образованието, ќе создадеме услови за нивно доживотно учење, унапредување и доквалификација, како и овозможување  на правото на вработување и правото на личен избор при селекција на литературни дела.  

Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2020
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија