Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.03.2019

    СООПШТЕНИЕ

    повеќе
  • 01.03.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ „НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА“

    повеќе
  • 22.02.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО КПУ ЗАТВОР...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

10.12.2018

Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Почитувани,

На 10 декември пред 70 години, земјите членки на Обединетите нации одлучија на хартија да ги стават постулатите на човековите права и тој документ да го наречат Универзална декларација за човековите права.  Сигурен сум дека  во тој момент предвид ја земале нивната универзална димензија. Од тогаш овој ден  симболично се одбележува како Меѓународен ден на човековите прва, како ден кој служи  како потсетник дека секое човечко суштество заслужува почит, достоинствен живот и еднаков третман.
Секој, Секаде, Секогаш. Ова, накратко се главните постулати на Декларацијата која низ годините стана составен дел од голем број на домашни и меѓународни документи. Таа стана основа за еднаков третман на луѓето без разлика на која раса, вера и националност  и припаѓаат. Каде живеат, во која ситуација се наоѓаат.
Еднаквоста, стана основно правило  на владеење на сите  држави и тоа како за нејзините државјани, така и за странците, бегалците/мигрантите, азилантите. Правото, правдата, еднаквиот пристап до сите добра станаа основно правило на живеењето во најголемиот дел од светот.
Но, за да се дојде до сето ова требаше да поминат години, да се извојуваат многу битки. Мартин Лутер Кинг да го „отсонува својот сон“,  Роза Паркс да докаже дека  бојата на кожата не ја прави помалку вредна да биде во предниот дел од автобусот, Нелсон Мандела да стане симбол на борбата против апартхејдот.


Почитувани,
Ова е само мал дел од историјата за борбата за еднаквост, која за жал и денес, после 70 години се уште се води во одредени делови од светот. Денес, во 21 век, во времето на   дигиталната технологија, за жал и понатаму има земји каде жените и децата не се третираат еднакво, каде пристапот до чиста вода и електрична енергија е луксуз, каде се водат најпримитивни војни  поради кои илјадници луѓе се приморани да ги напуштат своите домови и  да го добијат статусот на бегалци/мигранти.
Денес, е добар повод ние бранителите на човековите права уште еднаш да ја потврдиме својата цврста заложба да работиме на промоција и унапредување на човековите права. Да работиме сите под еднакви услови  да можат да си ги остварат своите со устав и закон загарантирани права. Да ги елиминираме дискриминацијата, тортурата, нехуманиот третман, да помогнеме во создавањето на услови за еднаков пристап до правото и правдата за сите. Да помогнеме децата да имаат среќно и безгрижно детство, квалитетно образование. Да докажеме дека потребата од родова еднаквост е минато. Всушност тоа е и наша основна задача, како адвокати на народот, максимално да се заложиме за нивните слободи и права.
Од овие причини,   упатувам апел до властите, институциите доследно да ги спроведуваат законските прописи да овозможат еднаков третман за сите, затоа што само така ќе можеме да кажеме дека навистина сме изградиле Едно општество за сите.


                                                                         НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

март 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија