Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.09.2018

03.09.2018, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Драги деца/ученици,

Првиот училишен ден  е важен и свечен момент за сите вас, особено за оние кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Упатувам искрени честитки за успех до сите, со желба овој ден да биде радосен, исполнет со гордост и задоволство во заедничката работа и учење!

Апелирам до вработените во училиштата да ги прифатат сите деца, да им помогнат првиот училишен ден да го поминат во пријатно опкружување, и секое дете да се чувствува добредојдено, безбедно и прифатено во училиштето, уверено дека во новата средина нема да биде оставено само на себе туку дека ќе ја има потребната поддршка од наставнииот и друг кадар во училиштето.

Во тој контекст, ги повикувам родителите/старателите, бабите и дедовците и другите блиски на детето да посветат што е можно повеќе внимание и разбирање на нивните деца-ученици, да поминуваат повеќе време со нив во уверување дека се тука секогаш за нив.

Образованието не е само учење, тоа е можност за соработка, другарување, разбирање и почитување на другите, толеранција, но и ненасилно разрешување на конфликти. Голема е неговата улога во воспитанието и развојот на детето и во негово подготвување за справување со сите предизвици кои ги носи животот.
Народниот правобранител ќе го следи почитувањето на правото на детето, особено на неговото право на непречено образование, третманот и односот кон учениците во пракса, и ќе реагира секогаш кога има потреба за тоа, се со цел обезбедување услови за квалитетно и ефикасно образование за секое дете, но и за правилен социјален и емоционален развој  во стимулативна и безбедна средина.

На сите ученици и наставници им посакувам успешен почеток на учебната година со уверување дека Народниот правобранител ќе остане соработник во заштитата на правата на детето и во залагањето неговиот најдобар интерес  да биде водечки принцип и во воспитно-образовниот процес.

Со оглед на тоа дека од денес меѓу учесниците во сообраќајот ќе се движат стотици илјади деца и млади луѓе, а за некои  од нив тоа ќе биде првпат без помош на возрасните, упатувам апел и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорно да се однесуваат, потсетувајќи ги на преден план да ја имаат безбедноста на детето.


                                                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

                                                                                  ОДДЕЛ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
                                                                                                   И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија