Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

17.04.2018

17.04.2018, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Народниот правобранител го осудува отсуството на навремена и соодветна реакција за превенирање на насилство меѓу учениците, и ги потсетува одговорните во училиштата, како и пошироко заедницата дека училиштето е воспитно образовна установа, која има обврска и должност да обезбеди грижа и заштита на децата, како и да преземе превентивни мерки за спречување на насилството меѓу децата, но и врз децата.
Во овој контекст, имајќи ги предвид случаите на насилство меѓу ученици во неготинско училиште, насилство врз ученик од вработен во училиште во Битола, Народниот правобранител бара од одговорните во училиштата, локалните самоуправи и  просветниот инспекторат да преземат мерки со цел да се обезбедат училишта без насилство, во кои ќе владее позитивна клима, взаемно почитување и  другарување меѓу учениците.

Воедно, за Народниот правобранител инцидентот со насилството во гостиварската гимназија е пред сѐ срамен акт, но и лош пример за учениците кои се образуваат во ова училиште, поради што го повикува Министерството за образование и наука да реагира со цел обезбедување на училишта во кои сите ќе се чувствуваат безбедно и сигурно.

Според Народниот правобранител неопходно е да се јакнат капацитетите на наставниците да превенираат и спречуваат насилно однесување кај децата, да развиваат, но и да се залагаат за комуникација меѓу децата, толернација, градење на самодоверба, и во училиштата да се воспостават механизми за соодветна и навремена интервенција при насилство. Притоа, Народниот правобранител укажува дека родителите мора да покажат поголем интерес за своите деца, за нивниот однос и активно да придонесат за безбедни училишта без насилство.

Имајќи го предвид отсуството на реакција кај соучениците во случајот со насилството помеѓу ученички во основно училиште во Неготино, каде според снимките објавени во јавноста, учениците користејќи ги мобилните телефони го снимаат насилството и не преземаат ништо истото да го спречат, Народниот правобранител со голема загриженост прашува:

Што се случува со воспитувањето на децата? Дали семејството и училиштето ја занемариле оваа значајна функција, која заедно со образованието има важна улога во правилниот развој на секое дете? Располагаат ли училиштата со ефикасни методи и обучен кадар кој знае и кој умее да превенира од насилство, односно да едуцира генерации кои ќе знаат да почитуваат и преку дијалог да ги решаваат евентуалните проблеми?

Со овие настани во училиштата уште еднаш се потврдуваат континуираните укажувања и препораките на Народниот правобранител за потребата од стручни служби во училиштата кои сериозно и посветено ќе работат на превенција на насилствата меѓу учениците, и ќе ја зајакнат воспитната улога на наставниот кадар во образовниот процес. Воедно, потребата од позачестени контроли и надзор над работата на образовните установи во кои децата остваруваат право на образование заради превенирање од насилство врз децата и помеѓу децата, односно нетолерирање на насилството.

Народниот правобранител очекува надлежните органи целосно и до крај да преземат мерки за расчистување на случаите со насилство во училиштата, при што особено да се утврди ефикасноста на мерките за спречување на насилство помеѓу и врз децата во училиштата, а за што Народниот правобранител оваа година ќе спроведе посебно истражување.


                                                                                                           НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 64
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија