Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

16.02.2018

16.02.2018, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ НА СЕКСУЛАНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ШТИТЕНИЧКА ОД ЈУ „РАНКА МИЛАНОВИЌ“

Народниот правобранител изразува сериозна загриженост за индолентниот однос на институциите кој резултираше со случај на сексуална злоупотреба на 12 годишно дете - штитеник на јавна установа за згрижување на деца, настан кој изминатото деноноќие ја разбранува јавноста.

Народниот правобранител заради утврдување на состојбата ги посети Јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение (25 Мај и Ранка Милановиќ), при што изврши увид во документацијата и разговараше со одговорните лица, како и со малолетничката. Притоа неспорно констатира дека станува збор за дете во ризик, на чии родители им е одземено родителското право,  и е  под старателство на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје. Во горенаведената институција детето е сместено од декември 2016 година и повеќе пати, според негово кажување, самоволно  ја напуштала институцијата.

За Народниот правобранител неспорно е дека наведените установи се од отворен тип што значи дека штитениците во секое време можат да ја напуштат установата. Но, со оглед на тоа што станува збор за деца во ризик со назначен старател од државен орган смета дека надлежните затаиле во овој случај. Наведеното од причина што не покажале интерес да ги утврдат причините за честото напуштање на домот од страна на малолетничката, како и за тоа каде и со кого го поминувала времето по напуштање на Установата.

Според Народниот правобранител кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и  превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител ги повикува Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство без одлагање  да ги преземат сите со закон утврдени дејствија за откривање и санкционирање на злоупотребата на детето И.Р . Воедно, апелира до Министерството за труд и социјална политика како ресорен орган за заштита на правата на децата и за функционирање на институцијата за згрижување, воспитание и образование на деца, најитно да преземе дејствија за целосно испитување на одговорноста на назначениот старател.

Исто така, потсетува на потребата од унапредување на грижата за децата сместени во јавните установи за згрижување деца, нивно кадровско екипирање, целосно функционирање на службите за воспитание, образование, здравствена и социјална заштита, а за што Народниот правобранител и досега нповеќе пати во во своите годишни и посебни извештаи  изнесувал конкретни препораки.

Народниот правобранител ќе го следи случајот и ќе преземе соодветни дејствија спрема надлежните органи, согласно својата надлежност.
    

                        ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
                             НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 20
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија