Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.12.2017

03.12.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

„Општество за сите“, е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Кон остварување на оваа цел сите треба да се стремиме за никој да не се почувствува дискриминиран, никој да не се почуствува различен од другите, исклучен.

Тоа не обврзува сите нас да обезбедиме еднакви услови за остварување на правата во сите сфери - здравството, образованието, култура, вработувањето, остварување на избирачкото право...

Тоа значи пристап до се она што значи живеење на еден нормален секојдневен живот без препреки/пречки.
Во оваа смисла, Народниот правобранител апелира и воедно ги потсетува сите чинители во општетството дека во наредниот период треба уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби, што би значело остварување на нивните права.

Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество.

Во тој поглед да ги направиме достапни за сите градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии... Само на тој начин ке покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности.
Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес трети декември, туку и останатите 364 денови во годината. Само така ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството.

                                                     НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија