Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.11.2017

20.11.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

Денешниот ден 20 ти Ноември познат како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето, е можност секој  од нас да се потсети дека и тој го поминал периодот наречен детство но и да се запрашаме што реално успеавме да промениме во најдобар интерес на детето?

Овој ден нека биде поттик за сите кои работат со децата или во интерес на децата посериозно и пoпoсветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата,  на начин што ќе ги вклучуваат во сите активности и ќе го слушаат и почитуваат нивното мислење, на што обврзува Конвенцијата за правата на детето.

На Светскиот ден на детето неизбежно е да истакнеме дека сите заедно треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата,особено за елиминирање на секој вид на насилство.Од круцијално значење за идните генерации е да се создаде амбиент на соживот, почитување на рзаличностите со цел создавање на општетсво во кое секое дете ќе знае дека дијалогот, а не насилството е основа за решавање на кој  било проблем.

Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа не задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Кон нив треба да се однесуваме со должно внимание, ним треба да им овозможиме образование, со цел натамошен просперитет на човештвото.

Сите ние како дел од семејството, градинките, училиштата, установите за грижа и заштита на децата и други институции и органи имаме обврска да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите.

Истовремено Народниот правобранител апелира до родителите, посебно во процесот на воспитување на децата да водат сметка за тоа дека почитувањето на традицијата/традиционалното не секогаш значи почитување на најдобриот интерес на детето.

                                                                        НАРОДЕН ПРАВОНРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија