Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2017

26.06.2017, Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ ЈУНИ

На 12 декември 1997 година, со резолуцијата 52/149, Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 26 јуни како Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Поддршката на жртвите од тортура претставува една од основните обврски на секое општество кое ги почитува демократските принципи и меѓународни стандарди за човековите права.

Народниот правобранител како Национален превентивен механанизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места.

Во оваа смисла, Народниот правобранител посебно истакнува дека обврската за борба против тортурата и нехуманиот третман не смеат да бидат само декларативни, туку крајно време е властите да преземет конкретни мерки и активности за сузбивање на ваквите состојби, а на жртвите кои биле предмет на мачење или друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување да им обезбедат соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка.
                                                
     
                                                                                                   Одделени за односи со јавност
                                                                                                     НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија