Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

28.04.2017

28.04.2017, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕТО

Народниот правобранител, уште еднаш најостро ги осудува  вчерашните случувања и упадот во Собранието на Република Македонија, насилството врз пратениците и новинарските екипи. Истовремено го критикува непрофесионалното и селективно постапување на Министерството за внатрешни работи, кое наместо да го спречи го овозможи насилството.

Примената на двојни аршини во работата на овој орган, ги потврди констатациите на Народниот правобранител за длабоката партизираност на ова Министерство, што е за секаква осуда. Народниот правобранител ја критикува инертноста на полициските службеници кои видно од вчерашните снимки, иако беа присутни не реагираа, и дозволија насилство, а новинарите  беа попречени во вршење на својата работа и беше повредена слободата на медиумите.

Според Народниот правобранител насилството не е метод за решавање на  недоразбирањата и несогласувањата каде било, а особено не во Собранието. Недозволиво е органот чија основа надлежност е обезбедување на сигурноста на граѓаните да направи сериозни пропусти, со што ги загрози животите на присутните во Собранието на РМ.

Народниот правобранител повикува Министерството за внатрешни работи неодложно да се воздигне над партиските интереси и на ефикасен и професионален начин да ја извршува својата функција во најдобар интерес на граѓаните.

Народниот правобранител повикува на разум и апелира  сите чинители, особено лидерите на политичките партии да се одважат и на јасен и недвосмилен начин да го осудат и да се дистанцираат од насилство и самовоиле, со што истовремено ќе овозможат формирање на институциите без насилство, а во интерес на граѓаните.

                                                                                                          
                                                                                     Одделение за односи со јавност
                                                                                          НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија