Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

16.03.2017

16.03.2016, Скопје

РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО ПРОТЕСТИТЕ

Народниот правобранител уште еднаш изразува сериозна загриженост за обидите за инвловирање на децата во протестите организирани во повеќе градови во Република Македонија.

Истовремено најостро ги осудува  настапите на раководни лица во училиштата поради што ги повикува Училишните одбори, Градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки  спрема лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците.

Ова од причина што ваквите настапи се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес.

Народниот правобранител во континуитет ги следи ваквите случувања за што веќе води постапки и по сопствена иницијатива и по поднесени претставки на родители, и уште еднаш потенцира и укажува- децата во никој случај да не бидат цел на манипулации и злоупотреби, имајќи предвид дека  тие според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита.

                                                                                                    Одделени за односи со јавност
                                                                                                       НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија