Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

03.03.2017

03.03.2017, Скопје

АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

Народниот правобранител по повод последните пишувања во медумите, како и поднесените претставки од родители кои се жалат на злоупотреба  на нивните деца во протестите кои деновиве се организираат во повеќе градови апелира веднаш да престане инволвирањето на учениците.

Истовремено Народниот правобнранител ги предупредува сите инволвирани страни  дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките, и дека  доколку навистина се докаже дека  одредени лица вработени во образовни институции  биле поттикнувачи, за истите ќе бара најстроги казни, затоа што станува збор за деца кои според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита.

Имено, децата во никој случај не треба да бидат цел на манипулации и злоупотреби, а училиштата треба да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес.Оттука   Народниот правобранител водејќи се од најдобриот интерес на детето апелира  и до наставниците и до родителите по никоја цена да не дозволуваат инволвирање на учениците во какви било собири и протести, а воедно ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат за спречување на ваквите појави.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија