Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 21.12.2016

    ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО...

    повеќе
  • 21.11.2016

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • 21.11.2016

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

21.12.2016

21.12.2016, Скопје

ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО АЛЕПО

Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот (АОМ) ја искажува својата длабока загриженост за сериозната ситуација во која живеат илјадници цивили, вклучувајќи деца, жени и ранети.

Последните вести од регионот јавуваат дека цивили се жртви на кривичните дела како киднапирања, уништување на лична сопственост, тортура и егзекуциии. Според Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на Обединетите нации, во последните 24 часа најмалку 82 цивила, вклучувајќи жени и деца, биле егзекутирани, додека останатите меѓународни тела ситуацијата во Алепо ја сметаат како еден од најголемите масакри против цивилното население по Втората светска војна.

АОМ ги повикува сите засегнати страни да ги почитуваат човековите права и меѓународното хуманитарно право во ситуации на вооружен конфликт.

Согласно меѓународно признаените човекови права и потребата да се заштитат истите, АОМ ги повикува меѓународните организации да работат заедно со цел ставање крај на оваа трагедија.
Асоцијација на Омбудсмани на Медитеранот (АОМ)

Пребарување

Кaлендар на настани

февруари 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 16
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија