Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОМИТЕТОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ОД ТОРТУРА 03.11.2019

03-06.11.2019, Стазбур, Република Франција

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ УЧЕСТВУВАА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА КОМИТЕТОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ОД ТОРТУРА

Државниот советник за спречување од тортура, г-ѓа Вјолца Рушај и советникот за спречување од тортура, г-дин Александар Тренкоски, како дел од Народен правобранител – Национален превентивен механизам на Република Северна Македонија, од 3-6 ноември 2019 година учествуваа на Конференцијата во Стразбур, Франција, по повод 30 годишнината од формирањето на Комитетот за спречување од тортура.

На оваа Конференција учествуваа 300 претставници од Националните превентивни механизми (Албанија, Арменија, Австрија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Данска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Казахстан, Киргистан, Лихтенштајн, Луксембург, Молдова, Црна Гора, Холандија, Република Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Тунис, Турција, Украина и Велика Британија), како и претставници на невладини организации од Албанија, Арменија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Грција, Унгарија, Италија, Казахстан, Киргистан, Молдова, Полска, Романија, Србија, Шпанија, Турција и Украина, а се водеа дискусии за правото на адвокат и другите заштитни гаранции во првите часови од лишување од слобода во полициските станици, предизвиците и добрите практики на националните превентивни механизми во различни земји.
 
Целта на оваа Конференција беше размена на искуства и добри практики при разгледувањето и следењето на препораките од извештаите на националните превентивни механизми, со акцент на правото на адвокат во првите часови од полициското задржување и во таа насока беа организирани во работни групи во кои се дискутираше за предизвиците и плановите за во иднината, за тоа како националните превентивни механизми да постапуваат по ова прашање.

Оваа активност беше реализирана и финансирана од Совет на Европа, ОБСЕ и Асоцијацијата за Превенција од Тортура (APT).

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија