Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

31.10.2019

31.10-01.11.2019 Валона, Република Албанија

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОМБУДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, КОСОВО И АЛБАНИЈА

Народниот правобранител, г.Иџет Мемети учествуваше на состанокот со своите колеги, обудсманот на Република Косово, г. Хилми Јашари и омбудсманот на Република Албанија, г-ѓа Еринда Баланца, кој се одржа во Валона, Република Албанија. На состанокот учествуваа и претставници на Комисиите за спречување и заштита од дискриминација.

На овој, инаку трет состанок (првите два се одржаа во Република Северна Македонија и Република Косово), беше потпишан Договор за соработка помеѓу Омбудсман институциите и членови на Комисиите за спречување и заштита од дискриминација чија цел е подигнување на степенот на соработката помеѓу институциите, а во интерес на поголема заштита на правата на граѓаните.

Имено, омбудсманите од трите држави се обврзаа да создадат услови за размена на експерти на институционално ниво со цел размена на искуства во заштитата и унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата. Тие, воедно се обврзаа и за преземање на заеднички иницијативи со фокус на промовирање на човековите права.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија