Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

16.10.2019

Рига, Република Латвија

ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ УЧЕСТВУВАА НА ДВОДНЕВНА ОБУКА/РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Претставници на Народниот правобранител учествуваа на дводневна обука/работилница за заштита на личните податоци под наслов „Општа регулатива за заштита на личните податоци и предизвиците од аспект на човековите права“ која во организација на Европската мрежа на Меѓународниот омбудсман институт (IOI) и Народниот правобранител на Република Латвија се одржа во Рига, Република Латвија.

Главата цел на обуката беше запознавање со правилата на Општата регулатива на Европската Унија (GDPR 2016/679 OJ L 119, 04.05.2016) која се однесува на заштитата на личните податоци и различните апсекти за нејзината имплементација од страна на државите-членки. Оваа регулатива ги штити основните права и слободи на физичките лица, а особено нивното право на заштита на личните податоци, утврдувајќи правила во врска со заштитата на физички лица во однос на обработката на личните податоци и правила во врска со слободното движење на личните податоци, кое во рамките на Унијата не е ограничено ниту забрането од причини поврзани со заштита на физички лица во однос на обработка на лични податоци. Оваа регулатива не е задолжителна за Република Северна Македонија, туку само за државите-членки на ЕУ, меѓутоа нејзините правила треба да се инкорпорираат во домашната легислатива заради усогласување со законодавството со ЕУ.

Работилницата беше поделена на три сесии: Општата регулатива за заштита на личните податоци и надзорот над нејзиното спроведување, Општата регулатива за заштита на личните податоци и нејзината примена на национално ниво и Општата регулатива за заштита на личните податоци и граѓаните. Трите сесии покрија прашања во врска со националните институции кои ги сносат главните одговорности за обезбедување заштита на личните податоци на национално ниво, имплементација на правилата кои произлегуваат од  Општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ, како и  последиците од нејзината примена по однос на граѓаните.

Учесниците, меѓу другото, имаа можност да споделат практични искуства од сопствените држави, но и да разгледаат различни случаи во врска со заштитата на личните податоци во корелација со други човекови права, меѓу кои правото на приватност, право на пристап до информации и обезбедување и заштита на јавниот интерес.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија