Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЗАБРАНА НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА“ 29.11.2018

29-30.11.2018, Сараево, Босна и Херцеговина

МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ЗАБРАНА НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА“

Претставници на Народниот правобранител учествуваа на дводневен настан, конференција на омбудсманите, комисиите за заштита од дискриминација, како и останати релевантни тела и институции кои работат на полето на човековите права, насловена како „Националните институции за човекови права од Западен Балкан во застапување за човековите права и забрана на дискриминацијата“, што во организација на Советот на Европа и Европската комисија се одржа на 29 и 30 ноември во Сараево, Босна и Херцеговина.

Меѓународната конференција третираше повеќе прашања, меѓу кои,и сузбивањето на говорот на омраза,  нетолеранцијата, предрасудите и сите форми на дискриминација,  појави присутни  во регионот, и кои претставуваат сериозна закана  за развојот и степенот на демократијата на овие земји.   Иако за овие појави многу се зборува, недостасуваат соодветни истраги и судски одлуки кои не резултираат со санкции. Во оваа насока,  како неминовна и многу важна  беше потенцирана соработката на националните институции за човекови права со  јавното обвинителство и судовите. Тема на конференцијата беше и соработката на  Националните институции за човекови права со невладините организации,  лобирањето за човековите права со фокус на владините органи и др. На конференцијата беше промовиран и материјал на Советот на Европа за сузбивање на дискриминацијата.

На конференцијата учествуваа претставници од сите земји во регионот на Западен Балкан, а заменик народниот правобранител на РМ, г-ѓа Сузана Салиу  во своето излагање се осврна на работата на Канцеларијата на Народниот правобранител и новите надлежности,  а исто така се осврна и  на начинот на кој земјата се справуваше со бегалско-мигрантската криза.Таа истакна дека канцеларијата на Народниот правобранител игра многу важна улога во заштита на правата на бегалците и мигрантите, особено во  постапките за барањата за азил во Република Македонија.



Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија