Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

31.10.2018

31.10-02.11.2018, Софија, Република Бугарија

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Делегација од канцеларијата на  Народниот правобранител  предводена од заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа од 31 октомври до 2 ноември реализираа студиска посета на Омбудсман канцеларијата на Република Бугарија. Оваа посета е дел од  проектот што Народниот правобранител на Република Македонија го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Бугарија и Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, насловен како „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: тековна состојба и предизвици“.

Во текот на посетата, заменичката народен правобранител и советниците од Одделот за заштита од дискриминација, Одделот за заштита на правата на детето и лица со попреченост, разменија искуства во врска со работењето на омбудсман канцелариите.Конкретно се зборуваше за прашања поврзани со состојбата на Ромите во областа образование, здравство, вработување, домување, како и еднаквиот пристап во остварувањето на правата, и во тој контекст остварија средби и со други релевантни институции и тела кои работат на прашања поврзани со правата на Ромите, недискриминацијата и инклузијата на Ромите.
Главниот фокус на посетата беше да се согледаат постигнатите резултати од спроведувањето на Декадата на Ромите, како и недостатоците и проблемите  останати по завршувањето на Декадата, односно да се направи преглед на сработеното како и на промените настанати со имплементација на Декадата на Ромите во Република Бугарија.

Во рамки на посетата се одржаа состаноци со Националната комисија за заштита од дискриминација, Хелсиншкиот комитет на Република Бугарија, а се реализираше и теренска посета на месноста Орландовци каде живеат Роми во супстандардни услови, а чии живеалишта биле срушени од страна на државата како дивоградби. Понатаму, се одржа состанок и со Националниот совет за соработка за етнички и интегративни прашања при Советот на министри на Република Бугарија, како и со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Бугарија.
Од сите реализирани состаноци се добива впечаток дека и покрај тоа што Декадата на Ромите била потпишана во Република Бугарија, состојбата во која живеат Ромите во Бугарија е се уште на незадоволително ниво и се уште се потребни дополнителни напори и труд за целосна интеграција на оваа етничка група во бугарското општество и подобрување на условите во кои живеат.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 15
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија