Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

24.10.2018

24-25.10.2018, Атина, Република Грција

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА НАЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА КОЕ УЧЕСТВУВАШЕ ПРЕТСТАВНИК ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Во Атина, Република Грција на 24 и 25 октомври се одржа Генерално собрание и Годишна конференција на Европската мрежа на Национални институции за човекови права (ENNHRI), на која учествуваше преставник од канцеларијата на Народниот правобранител.

На конференцијата членките  дискутираа за придонесот кој Институциите за човекови права може да го дадат за намалување на се поголемиот тренд на прекршување на правата на граѓаните, како и на принципот на владеење на правото. Исто така, тие дискутираа и за начините и модалитетите на соработка со невладините организации кои работата на полето на заштитата на човековите слободи и права, а стана збор и за соработката со медиумите и се поголемото влијание на социјалните мрежи при промовирањето на човековите права.

Државниот советник  од канцеларијата на Народниот правонранител г-ѓа Лилјана Илиевска ја претстави ситуацијата со мигрантите и азилантите во Република Македонија, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваше Институцијата при обезбедувањето на нивните права додека престојуваат на територијата на државата.

На Генералното собрание на мрежата, за нов претседател на ENNHRI е избрана г-ѓа Емили Логан, главен комесар на Комесаријатот за човекови права и еднаквост на Република Ирска, а беше избран и нов управен одбор, како и нов финансиски комитет.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 15
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија