Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СЛУЖБЕНА ПОСЕТА НА ОМБУДСМАНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА 29.08.2018

29.08.-31.08.2018, Загреб

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СЛУЖБЕНА ПОСЕТА НА ОМБУДСМАНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Заменичката на Народниот правобранител на РМ Васка Бајрамовска – Мустафа и претставници на Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, остварија посета на Омбудсманот за заштита на правата на лицата со инвалидност на Република Хрватска. Посетата се оствари од 29 до 31 август, во седиштето на хрватскиот омбудсман во Загреб.

При посетата, претставниците на македонскиот омбудсман, чиј домаќин  беше правобранителката Анка Слоњшак, имаа можност да се запознаат со работата на Хрватскиот омбудсман за заштита на правата на лицата со инвалидност кој  има 10 годишно искуство во оваа област и многубројни примери на добра пракса, вклучително и во мониторирање и известување за состојбата со имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност. Во таа насока, претставниците на Народниот правобранител на РМ се запознаа со специфичностите во постапувањето по овие случаи и предизивиците во областите на работа на советниците на правобранителката.

Омбудсманот на Република Хрватска за заштита на правата на лицата со инвалидност на претставниците на македонскиот омбудсман им ја презентира работата и предизвиците во досегашното функционирање на институцијата, воспоставувањето на соработка со организациите и сојузите на лицата со инвалидност и со академската јавност, при што ги информира и за активностите во насока на подигање и јакнење на јавната свест за инвалидноста и правата на овие лица во хрватското општество.

За време на посетата, претставниците на Народниот правобранител на Р.Македонија ја посетија заедницата на организирано живеење на лица со инвалидност која се наоѓа во Загреб, како и пристапниот уреден простор за рекреација на лицата со инвалидност, на Јарун. Исто така, во просториите на Silent cafe остварија заедничка средба  со претставници на граѓанските здруженија и сојузи кои работат на полето на заштита на правата на лицата со инвалидност и остварување на овие права.

За време на посетата претставниците на двете омбудсман институции од Р.Македонија и Р.Хрватска разменија искуства од работењето на двете институции, како и правната рамка која ги уредува правата на лицата со инвалидност.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 12
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија