Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г. МЕМЕТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА „УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА 20.06.2018

20 и 21.06.2018, Баку, Азербејџан

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г. МЕМЕТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА „УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети учествуваше на дводневен настан, конференција на омбудсманите, насловен како „Улогата на националните институции за човекови права во обезбедување и промоција на еднакви права“, што во организација на Комесарот за човекови права (Омбудсман) на Република Азербејџан, г-ѓа Ермира Сулејманова се одржа на 20 и 21 јуни во Баку, Азербејџан.

Меѓународната конференција третираше повеќе прашања меѓу кои, заштита од дискриминација и еднаков третман за сите категории на граѓани, заштита на правата на бегалците и мигрантите, родови права, заштита на правата на ранливите групи граѓани, а се разговараше и за поединечните правни и извршни механизми за заштита на човековите права и слободи.

Народниот правобранител, г. Мемети им се обрати на присутните запознавајќи ги со состојбата со човековите права и слободи во Македонија, осврнувајќи се на институцијата Народен правобранител и нејзиното дводецениско постоење во Република Македонија, нејзините почетоци, развој и предизвици со кои се соочила во изминатите дваесет години постоење.

Конференцијата претставуваше форум за размена на искуства и најдобри пракси меѓу присутните гости и омбудсмани од два континента: Азија и Европа. Активно учество зедоа претставници на национални институции за човекови права од Србија, Романија, Турција, Грузија, Татарстан, Пакистан, Москва (Руската Федерација) и др.



Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија