Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • 03.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    повеќе
  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА БОРБАТА ПРОТИВ КРШЕЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА 14.02.2018

14-16.02.2018, Сараево, Босна и Херцеговина

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА БОРБАТА ПРОТИВ КРШЕЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Претставници од канцеларијата на Народниот правобранител учествуваа на Регионалниот консултативен состанок на претставници од националните институции за човекови права, што се одржа во Сараево, во организација на Институцијата Омбудсман за човекови права на Босна и Херцеговина и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, канцеларијата на Советот на Европа и Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина.

На состанокот, се разговараше за досегашната соработка, за воспоставување заеднички основи за постапувањето во превенцијата и заштита на човековите права и за улогата на ваквите институции во судските и управните постапки.

Исто така, во рамките на состанокот беше одржана и еднодневна конференција на тема „Размена на најдобрите искуства во решавањето на кршењето на човековите права, со посебен фокус на борбата против дискриминација“.

На конференцијата свое излагање имаше државниот советник Зоран Билбилоски, со осврт на предизвиците и пречките во извршувањето на мандатот на Народниот правобранител на Република Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија