Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 17.04.2018

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ЗАЧЕСТЕНИТЕ СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 29.03.2018

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА 28-от СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА-ФРА ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА 13.12.2017

13-14.12.2017, Виена, Aвстрија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА 28-от СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА-ФРА ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА

Народниот правобранител г. Иџет Mемети, во својство  на набљудувач на Управниот одбор  на Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија, ФРА, за првпат учествуваше на дводневниот состанок на Одборо,т што се одржа на 13 и 14 декември во Виена.

Во рамки на дводневната средба, г. Иџет Мемети оствари состанок со претставници на раководната структура на Агенцијата, г. Јоанис Димитракопулос, шеф на Одделението за еднаквост и права на граѓаните и г. Андреас Акардо, шеф на Кабинетот на директорот на Агенцијата,  при што беше запознаен со активностите на ФРА на полето на човековите права и слободи. На одделна средба разговараше и со директорот на Агенцијата, г. Мајкл Офлаерти со кого ги договори идните активности по однос на вклучувањето на Република Македонија во работењето на Агенцијата, како и неговата посета на земјата во втората половина на 2018 година.

Правобранителот, г. Мемети искажа благодарност што на Република Македонија и е укажана чест да стане прва земја набљудувач од регионот на Западен Балкан, како и лична почестеност што е токму тој избран да ја врши оваа исклучително значајна улога за државата.

Во понатамошниот тек на разговорите, тој истакна дека од особена важност за земјата е што активностите на ФРА ќе се прошират и на територијата на Република Македонија и ќе отворат многубројни прашања од широката област на човековите права и слободи, истовремено нагласувајќи дека како земја и институција сме особено заинтересирани работењето на Агенцијата да се фокусира на правата на детето во сите сегменти на живеењето.

На дводневниот состанок учествуваа претставници на сите земји- членки на ЕУ и се дискутираше за сработеното на Агенцијата во 2017 година, но и за идните активности предвидени за 2018 година, како и долгорочно во четиригодишниот период до 2022 година.


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 19
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија