Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕННХРИ 29.11.2017

29-30.11.2017, Брисел, Белгија

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕННХРИ

Народниот правобранител г. Иџет Mемети учествуваше на семинар и  на Генералното собрание на Европската мрежа на национални институции за човекови права, што се одржа на 29 и 30 ноември во Брисел, Белгија.

Првиот ден од овој дводневен настан, беше посветен на дискусија по однос на комуникацијата што Мрежата за човекови права ја има со разни европски тела, Европската комисија, Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (ФРА), Европскиот парламент и др.

Вториот ден се одржа  Генералното собрание на кое се дискутираше за постигнатиот напредок од почетокот на основањето на Мрежата до денес, финансискиот извештај за 2017 година, а беа усвоени стратешкиот план за претстојните три години, 2018-2021 и тематските приоритети на кои Мрежата ќе работи во тој период.

Во рамките на Собранието се избра и алтернативниот член на Поткомитетот за акредитација при Глобалната алијанса на национални институции за човекови права (ГАНХРИ), а се усвои и одредба за зголемување на членарината на земјите членки на оваа мрежа, со цел зголемување на нејзината ефикасност и проактнивност на проектен план.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија