Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ НА ОПШТИТЕ АКТИ НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 14.06.2018

    СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГИ УСВОИ МЕРКИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

20.09.2017

20-23.09.2017, Букурешт, Република Романија

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЕВРОПСКИОТ ОМБУДСМАН ИНСТИТУТ (ЕОИ) И НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на дводневен настан во Букурешт, Република Романија во рамките на кој се одржа Генералното собрание на Европскиот Омбудсман Институт (ЕОИ), како и конференцијата за човековите права, по повод 20 години постоење на Омбудсман институцијата во Романија.
Во рамките на Генералното собрание на ЕОИ се реизбраа староновите членови на ова меѓународно тело т.е управувачкиот одбор, надзорниот одбор, генералниот секретар итн.

За време на конференцијата која беше поделена на два дела и на која се дискутираше за политичката независност на националните институции за човекови права, како и за улогата што овие институции ја имаат во елиминирање на дискриминацијата, свое излагање имаше и претставникот на Народен правобранител на РМ, зборувајќи за независното функционирање на институцијата во Република Македонија.

На овој настан учество зедоа претставници од повеќе национални институции за човекови права од Европа, како и високи претставници од повеќе асоцијации на омбудсмани и медијатори од Европа и светот.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 44
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија