Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА МЕЃУНАРОДНА ОМБУДСМАН КОНФЕРЕНЦИЈА И СОСТАНОК НА УПРАВУВАЧКИОТ ОДБОР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ И МЕДИЈАТОРИ НА МЕДИТЕРАНОТ 25.09.2017

25-26.09.2017, Истанбул, Република Турција

УЧЕСТВО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ НА МЕЃУНАРОДНА ОМБУДСМАН КОНФЕРЕНЦИЈА И СОСТАНОК НА УПРАВУВАЧКИОТ ОДБОР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИ И МЕДИЈАТОРИ НА МЕДИТЕРАНОТ

Народниот правобранител г. Иџет Mемети учествуваше на дводневен настан во Истанбул, Република Турција во чии рамки се одржа меѓународна конференција на омбудсманите од Европа, Азија и Африка посветена на улогата и ефикасноста на Омбудсман институциите и проблемите со кои истите се соочуваат при работа на претставки. На конференцијата свои презентации имаа омбудсмани од повеќе земји, зборувајќи за важноста што националните институции за човекови права ја имаат во нивните земји, во заштита на човековите права и слободи.

Покрај конференцијата, во текот на вториот ден се одржа и состанок на Управувачкиот одбор на Асоцијацијата на омбудсмани и медијатори на Медитеранот(АОМ), на кој се разгледуваа досегашните реализирани активности на Асоцијацијата, се усвои новиот план за работа за 2018 година, а се договорија и првичните чекори за одржување на конференцијата во Скопје во 2018 година, кога ќе се одбележат 10 години од постоењето на Асоцијацијата, но и 20 години од постоењето на институцијата Народен правобранител на Република Македонија.

За важноста од одржување на конференцијата во Скопје, зборуваше и народниот правобранител, фокусирајќи се на свеченото одбележување на два јубилеја, десет години од основањето на АОМ и 20 години од формирањето на институцијата Народен правобранител во Република Македонија.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија