Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

„УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРОПИСИТE КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“, ТЕМА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ 15.09.2017

15.09.2017, Љубљана, Република Словенија

„УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРОПИСИТE КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“, ТЕМА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети учествуваше на Меѓународна конференција, која се одржа во Љубљана, Република Словенија, а на која се зборуваше за „Учеството на јавноста во донесувањето на прописите кои се однесуваат на животната средина“, организирана од страна на канцеларијата на Народниот правобранител на Словенија.

На Конференцијата омбудсманите од поранешните југословенски простори - Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Хецеговина, Косово, Србија и Црна Гора потпишаа Декларација за соработка во областа на животната средина и човековите права и  формираа мрежа на Омбудсманите за заштита на животната средина и човековите права, во рамките на која ќе се разменуваат знаења и најдобри практики, а преку која се обврзаа  да создадат предуслови за поблиска соработка во сферата на заштитата на животната средина.

Договорено  е првата година од претседателството на Словенија со мрежата, соработка да се развива преку редовни годишни состаноци, конференции или средби на претставници на мрежи, тематски средби, заеднички посети на деградираните области, размена на знаења и вештини, како и документи, информации и извештаи. Во Декларацијата, исто така,се истакнува дека правото на здрава животна средина е едно од основните човекови права (трета генерација),  чие остварување бара донесување на системски мерки во сите земји и дека прашањата за безбедна, здрава и прифатлива средина е важно за сите соседните земји, а особено на прекуграничната и глобалната животна средина.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија