Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК НА НПМ МРЕЖАТА ВО ЕВРОПА 01.06.2017

31.05.-01.06.2017, Стразбур, Република Франција

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК НА НПМ МРЕЖАТА ВО ЕВРОПА

Претставник на Народниот правобранител учествуваше на вториот координативен состанок во рамки на проектот на Советот на Европа чија цел е создавање и јакнење на НПМ мрежа во Европската Унија и пошироко, како и хармонизација на работата на националните превентивни механизми во регионот. Оваа дводневна средба овој пат беше поддржана од ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа, а состанокот како и првиот пат, се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Република Франција.

Секој од овие два дена беше посветен на одредена тема што ја обработуваше настанот. Па така, во текот на првиот ден се дискутираше предлог текстот за европските миграциски правила, изготвен од страна на Европскиот комитет за правна соработка при Советот на Европа, по смерници на Европските затворски правила.

Вториот ден од оваа координативна средба беше посветен на презентација на начинот на кој ќе функционира новооформената невладина организација, НПМ Опсерваторија чија цел ќе биде набљудување на работењето на националните превентивни механизми во Европа и пошироко, со цел преку согледување на состојбите, проблемите и слабостите на тимовите, да се унапреди нивната работа.

На овој втор по ред координативен состанок беше договорено предлог текстот за европските миграциски правила да биде ставен на коментирање и доработка во периодот што претстои, додека за активностите што ќе следат во рамките на проектот, националните превентивни механизми ќе бидат дополнително информирани.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија