Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ЧЕТВРТИОТ СИМПОЗИУМ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ ПОСВЕТЕН НА БЕГАЛСКАТА КРИЗА 02.03.2017

02-03.03.2017, Анкара, Република Турција

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ЧЕТВРТИОТ СИМПОЗИУМ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ ПОСВЕТЕН НА БЕГАЛСКАТА КРИЗА

„Бегалската криза во нејзините милионски размери е несомнено еден од најголемите хуманитарни предизвици со коишто се соочува меѓународната заедница во денешницата. Енормниот карактер на оваа криза го доведе под сериозно прашање принципот на солидарноста и го стави на вистински тест почитувањето на фундаменталните слободи и права на бегалците. Република Македонија, поради својата географска положба е дел од т.н. „Балканска рута“ и клучна транзитна врска за лицата што имаат намера да стигнат до западноевропските земји.Зголемениот број на мигранти кои транзитираа или се задржуваа во земјата во текот на 2012, 2013 и 2014 година, беа првичните индикатори за можноста од поголем наплив на бегалци  на што властите во Македонија не обрнаа внимание.“

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети во своето излагање на четвртиот симпозиум на Омбудсман институциите на кој се зборуваше за “Мигрантите и бегалците“, а кој во организација на Големото собрание на Турција и канцеларијата на  Омбудсманот  се одржа во Анкара ,Република Турција.

Имено, г. Мемети потенцира дека и покрај сите предупредувања упатени за ризиците и предизвиците што следуваа, неводењето сметка и неодговорните политики на властите резултираа Македонија да биде затечена и неподготвена за очекуваниот бран на бегалци.

„Ваквото однесување доведе до масовни прекршувања на правата на бегалците и мигрантите и до создавање директни ризици по нивната безбедност и безбедноста на државата и граѓаните“. истакна Мемети.

Инаку, на симпозиумот искуствата со мигрантската/бегалската криза ги споделија и Омбудсманите на Република Турција, Босна и Херцеговина, Србија,Русија, Индонезија.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија