Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Д-Р ЈОВАН АНДОНОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА СЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО НЕПРИДРУЖУВАНИТЕ ДЕЦА-БЕГАЛЦИ 08.12.2016

08-09.12.2016, Стокхолм, Кралството Шведска

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Д-Р ЈОВАН АНДОНОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА СЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО НЕПРИДРУЖУВАНИТЕ ДЕЦА-БЕГАЛЦИ

Заменик-народниот правобранител д-р Јован Андоновски учествуваше на Конференција  која  на осми и девети  декември се одржа во Стокхолм, а на која се зборуваше за  промоција на добрите практики во заштитата на непридружуваните деца-бегалци, како и за изнаоѓање на решенија за овие деца, и за нивните семејства.

Во своето излагање заменик-народниот правобранител д-р Андоновски ја претстави законската рамка на земјата за заштитата на непридружуваните деца-бегалци, како и актуелната  состојба со непридружуваните деца-бегалци сместени во двата Прифатни транзитни центри „Винојуг“ - Гевгелија и „Табановце“ во близина на границата со Република Србија.

Инаку, Конферeнцијата беше во организација на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) и на Советот на балтичките држави, а на неа учествуваа претставници на 29 земји од Европа, како и претставници на Меѓународни организации.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија