Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Меѓународни активности

ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ПРИСТАП ДО ПРАВОТО НА АЗИЛ И ФОРМАЛНО/НЕФОРМАЛНО ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИТЕ/БЕГАЛЦИ“ 03.11.2016

03-04.11.2016, Охрид, Република Македонија

ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ПРИСТАП ДО ПРАВОТО НА АЗИЛ И ФОРМАЛНО/НЕФОРМАЛНО ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИТЕ/БЕГАЛЦИ“

„Правото на меѓународна заштита што го уживаат бегалците/мигрантите и барателите на азил е обврска на властите што ние како омбудсмани мора да настојуваме да биде исполнета во секој поединечен случај. Мигрантската криза, предизвикана од бегалскиот бран што ја зафати Европа во последните две години го стави на вистински тест токму почитувањето на фундаменталните слободи и права на мигрантите и бегалците. Свесни за предизвиците што ги носи кризата, афирмирајќи ја нашата заедничка одговорност како заштитници на човековите права, остваривме повеќе средби кои резултираа со усвојување на документи, во кои ги повикуваме властите на безусловно почитување на правата на мигрантите и бегалците и ги истакнуваме нашите заложби за нивна промоција и заштита“.

Ова, меѓу другото, во својот поздравен говор го истакна народниот правобранител г. Иџет Мемети, на отворањето на дводневната Регионална конференција насловена како „Пристап до право на азил и формално/неформално враќање на мигранти/бегалци“, што се одржа во Охрид, во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и Високиот комесаријат за Бегалци на Обединетите Нации - Канцеларија во Скопје.

Според Мемети, во услови на масовно прекршување на правата на мигрантите и бегалците, омбудсманите не смеат да се задоволат само со поединечни случаи на заштита на правата  на овие лица, туку неминовно е потребно соодветно да се одговри на глобалниот предизвик преку спроведување на заеднички акции, со што ќе се влијае кон целосно почитување на правата на сите лица.

Истражувањето за „Состојбите со пристапот до правото на азил во Република Македонија, тековни состојби и потреба од идни мерки“, го претстави д-р Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје, додека г-ѓа Снежана Теодосиевска –Јорданоска, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител ги претстави „Согледувањата и искуствата на надлежните институции во Република Македонија.“

На Конферецијата свој осврт на состојбите по однос на пристапот до правото на азил, од аспект на Националните институции за човекови права дадоа Омбудсманите на  Република Хрватска г-ѓа Лора Видовиќ, на  Република Албанија г.Игли Тотозани, на  Федерацијата на Босна и Херцеговина г-ѓа Јасминка Џумхур, на Република  Косово г.Хилми Јашари и на  Република Црна Гора г.Шучко Баковиќ.
Излагања на оваа тема имаа и замениците –омбудмсмани на Република Словенија г.Иван Шелих  и на Република Србија г.Милош Јанковиќ. Исто така, за проблемите со кои се соочуват барателите на азил зборуваа и претставници на Националните превентивни механизми на Омбудсманите на Република Бугарија и Унгарија, а свое видување дадоа и претставници на невладини организиации и државни институции.

На крајот, беа дадени насоки за изготвување на Заклучоците од оваа Конференција, заклучни согледувања кои ќе бидат доставени до сите учесници на Конференцијата.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија