Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. ТАЛАТ ЏАФЕРИ 17.05.2021

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. НАСЕР ЗИБЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Народниот правобранител, г.Насер Зибери oствари средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г.Талат Џафери, на која му го предаде Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија за 2020 година. На средбата присуствуваше и г-ѓа Сузана Салиу, заменичка на народниот правобранител.

Во текот на средбата се разговараше за прашања од работата и надлежностите на Народниот правобранител и други актуелни состојби, прашања и активности.

Народниот правобранител, г.Зибер го информираше претседателот на Собранието за бројот на поднесените претставки во минатата година, за областите во кои имаше најмногу поплаки, како и за влијанието на пандемијата со Ковид – 19 врз работата на Институцијата и остварувањето на правата на граѓаните.

На средбата се констатираше дека соработката помеѓу институциите  Народен правобранител и Собрание на Република Северна Македонија е добра, ефикасна и коректна. Во однос на Годишниот извештај, претседателот Џафери истакна дека пратениците ќе бидат информирани навреме, и  следствено на тоа се очекува и отпочнување на собраниската процедура за разгледување на Извештајот и усвојување на мерките што ќе произлезат од него.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија