Активности
26.02.2021
Скопје
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.НАСЕР ЗИБЕРИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО СКОПЈЕ
Народниот правобранител, г.Насер Зибери оствари средба со претставници на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје предводена од оперативната директорка – на Програмската канцеларија во Скопје г-ѓа Лелја Дервишагич. На средбата се зборуваше за досегашната соработка со институцијата Народен правобранител, посебно за спроведувањето на тековните проекти-промоција на различностите и еднаквоста, затворскиот систем и механизмот за граѓанска контрола, трговијата со луѓе и илегални мигранти и бесплатната правна помош.
„За нашата институција од исклучителна важност е соработката со Советот на Европа, која планираме во наредниот период да ја интензивираме, со оглед на фактот што со добивањето на новите мандати се појави потребата од зајакнување на капацитетите, посебно на тимовите кои работат во областите во кои се спроведуваат проектите. Народниот правобранител има значајна улога во општеството во делот на заштитата на човековите слободи и права, а размената на искуствата и добрите практики, пособено за новите мандати, се важни од аспект на поголема заштита на правата на граѓаните, со што ќе се зголеми и нивото на довербата кон институцијата“ истакна на средбата народниот правобрантел, г.Насер Зибери.
Програмската директорка, г-ѓа Лелја Дервишагич поподробно го информираше народниот правобранител за идните чекори во рамките на веќе започнатите проекти (четирите проекти) кои Советот на Европа ги спроведува со тимовите од канцеларијата на Омбудсманот, истакнувајќи дека тие остануваат отворени за соработка и помош и во други области.