Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 27.08.2020

    ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НАЧИНИТЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА...

    повеќе
  • 07.08.2020

    МИСЛЕЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА НАЧИНИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА...

    повеќе
  • 28.07.2020

    МИСЛЕЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО НАСТАВАТА ВО УСЛОВИ НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

08.07.2020

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

„На денешниот настан, говорејќи за основните права со кои се утврдуваат минимум стандарди за осигурување на достоинствено однесување кон секоја индивидуа, уште еднаш се потсетуваме колку е потребна и колку е значајна промоцијата на овие права и негувањето на слободата и демократијата, еднаквоста на граѓаните и владеењето на правото како вредности на кои се темели Европската Унија, а кои ние како општество треба да ги исполниме на патот за членството во Унијата“.

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител, г. Иџет Мемети во својот поздравен говор на тркалезната маса насловена како „Евалуација на стандардите на човековите права во Северна Македонија низ призмата на ЕУ Повелбата за фундаментални права, во пресрет на отворањето на ЕУ пристапните преговори“, што во организација на Министерството за надворешни работи, Институтот за европски политики (ЕПИ) и Хелшинскиот комитет за човекови права се одржа во Скопје, а на кој исто така беше презентиран и  Извештајот на европската Агенција за темелни права, со цел поттикнување на понатамошно унапредување на човековите права во Република Северна Македонија.

Зборувајќи на темата, а во улога и на набљудувач во Европската агенција за фундаментални права (FRA), г.Мемети  рече дека минатата година Европската агенција за фундаментални права за прв пат ја вклучи Северна Македонија во своето истражување, со кое редовно ја следи состојбата со човековите права во земјите-членки на ЕУ, со што го изедначи статусот на земјата со тој на земјите- членки.

На настанот, свои обраќања имаа министерот за надворешни работи г.Никола Димитров и г-ѓа Симонида Кацарска директорка на  Институтот за европска политика, кој е дел од мултидисциплинарната мрежа на FRA и главен контрибутор кон Извештајот за фундаменталните права 2020.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија