Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СТУДЕНТИ ОД ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО ОДРЖАА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ПО ПРЕДМЕТОТ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 05.12.2019

Скопје

СТУДЕНТИ ОД ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО ОДРЖАА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ПО ПРЕДМЕТОТ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Студенти од втора година на Правниот факултет при Држаниот Универзитет во Тетово, во рамките на наставната програма одржаа практична настава по предметот Човекови права, во канцеларијата на Народниот правобранител. Во рамките на посетата, низ разговор со народниот правобранител се запознаа со работата на институцијата Народен правобранител.

Народниот правобранител, г.Иџет Мемети на студентите им го претстави хронолошкиот развој на Институцијата, законските измени во поглед на мандатот и надлежностите, а ги запозна и со начинот на работа по претставките кои ги поднесуваат граѓаните. Тој, исто така, им ги претстави и новите мандати кои неодамна ги доби Народниот правобранител - пријател на судот, граѓанска контрола над полицијата и одделението за следење на  имплементацијата  на Конвенцијата на Обединетите Нации  за лица со попреченост.

Студентите се интересираа за инструментите кои ги има Народниот правобранител за заштита на правата на граѓаните, како и за тоа колку институциите ги прифаќаат неговите препораки. Исто така, посебен акцент беше ставен на работата на институцијата, во споредба со работата на омбудсман институциите од регионот - споредба во поглед на бројот на примени претставки, мандатите и механизмите кои им стојат на располагање, во заштита на човековите слободи и права.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 19
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија