Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2019

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10-ДЕКЕМВРИ ДЕНОТ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОД МОТОТО „СИТЕ СМЕ = ВО ПРАВАТА“ ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО И 30 ГОДИШНИНАТА ОД УСВОЈУВАЊЕТО НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО 20.11.2019

20.11.2019, Скопје

ПОД МОТОТО „СИТЕ СМЕ = ВО ПРАВАТА“ ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО И 30 ГОДИШНИНАТА ОД УСВОЈУВАЊЕТО НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

„Денес, се одбележува Светскиот ден на детето, и три децении од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Со овој чин  државите во светот се обврзаа да го подигнат степенот на почитување и заштита на децата како ранлива категорија, да воведат правила и стандарди за остварување на правата на сите деца, без дискриминација, да обезбедат нивен опстанок и развој и вклучување во општествениот живот, а сето тоа за нивен најдобар интерес!

Овој ден е можност сите ние, како семејство, установи, како органи и институции... да се запрашаме дали мерките и активностите што ги преземаме за децата се доволни? Успеавме ли да обезбедивме пристап до правата за сите деца онака како што налага Конвенцијата, и колку реално децата ги остваруваат истите?

Ова е дел од пораката која по повод Светскиот ден на детето и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генереланото собрание на Обединетите Нации ја упати народниот правобранител, г.Иџет Мемети.

По овој повод, а под мотото „Сите Сме = Во Правата“, Народниот правобранител  во соработка со Коалицијата на младински организации „Сега“ од Прилеп, Управата за развој и унапредување на образованието и јазиците на припадниците на заедниците, како и детската фондација „Песталоци“ во Домот на Армијата во Скопје, се одржа настан на кој деца од градинки, основни и средни училишта од државата преку музички точки, рецитали, кратки претстави и цртежи се вклучија во одбележувањето на овој значаен ден.

„Ме радува што овој настан со своето учество и присуство го збогатуваат голем број деца од детски градинки, основни и средни училишта, и тоа што пројавивте интерес преку писмо-Барање од децата за детските права да се обратите до оние кои одлучуваат за Вашите права.

Денешниот  ден е добра можност да ги потсетиме носителите на власта и донесувачите на одлуките дека децата и нивните интереси мора да имаат приоритетно значење, а при донесувањето на одлуките кои се однесуваат на децата секогаш внимателно да оценат како истите ќе се одразуваат на животот на децата“, рече, меѓу другото, народниот правобранител, г.Иџет Мемети во поздравниот говор.

По завршување на настанот се одржа и маршот за еднакви права на сите деца, кој заврши во Собранието на Република Северна Македонија, каде на претседателот на Собранието, г.Талат Џафери му беше прочитано и предадено Барањето од децата за правата на децата, по што учесниците во знак на еднаквост на децата во правата, пуштија балони.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија