Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА СО КОМИСИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ, ПОПРЕЧЕНОСТ И ЗДРАВЈЕ (МКФ) 17.07.2019

Скопје

СРЕДБА НА ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА СО КОМИСИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ, ПОПРЕЧЕНОСТ И ЗДРАВЈЕ (МКФ)

Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, заедно со тимот за следење на имплементација на Конвецијата за правата на лицата со попреченост, оствари работна средба со претставници на Комисијата за меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

На средбата, Заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, го презентираше новоформираното тело кое работи во рамките на Одделението за заштита на права на децата и на лицата со попреченост при Народниот правобранител, целите, задачите и надлежностите на ова тело, при што посебно се осврна на досегашната работа на Народниот правобранител во следење на состојбите со образованието на децата со попреченост, особено на децата во Посебните училишта, но и инклузијата на децата со попреченост во редовното образование.

Раководителот на Комисијата за МКФ, г.Горан Петрушев, поблиску ги информира претставниците на Народниот правобранител за начинот на работа на Комисиите и Националното тело на МКФ во Република Северна Македонија, и во тој контекст за активностите за проценка на децата со попреченост како и обезбедувањето на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка, имајќи предвид дека новиот модел на функционална проценка од 01.04.2019 година се реализира како пилот проект имплементиран од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија.

Заменикот народен правобранител и раководителот на националното тело на Комисијата се согласија дека има потреба од соработка, во насока на обезбедување заштита и непречено остварување на правата на децата со попреченост и нивното вклучување во заедницата на подеднаква основа со другите деца.

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија