Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА ЗАМЕНИКОТ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УНИЦЕФ 24.07.2019

Скопје

СРЕДБА НА ЗАМЕНИКОТ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УНИЦЕФ

Заменик Народениот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа заедно со членовите на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, остварија средба со претставници од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

На средбата, претставниците од УНИЦЕФ беа информирани за отпочнувањето со работа на тимот за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост кој ќе дејствува во рамки на Одделот за заштита на правата на децата и на лицата со попреченост, како и за планираните активности во однос на соработката и вклучувањето на граѓанското општество, особено лицата со попреченост и организациите кои ги застапуваат, со цел учество во процесот на мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата.

Покрај наведеното, на средбата беа презентирани реализираните и тековните активности на Одделот за заштита на правата на децата и лицата со попреченост, а се разговараше и за можностите за заедничка соработка во доменот на децата и младите, вклучително и на децата и младите со попреченост, со посебен акцент кон инклузивното образование, следење на процесот на деинституционализација на децата/лицата со попреченост, како и одбележување на 30 годишнината од Конвенцијата на Обединетите нации за права на децата.

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија