Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА - МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 26.07.2019

Скопје

ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА - МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа учествуваше на Јавна расправа во Собранието на Република Северна Македонија по Предлог - законот за основното образование, на која ги образложи забелешките на Институцијата по овој предлог.

„Народниот правобранител  ја поздравува намерата на Министерството за хармонизација и усогласување на регулативата со Конвенцијата на правата на детето и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, надградената нормативна рамка за недискриминација и еднаквост на децата во процесот на образование, како и вклучувањето на ученикот во организирање и активно учество во застапувањето и промовирањето на правата и интересите на учениците преку воведување на ученички парламент и ученички правобранител“, рече меѓу другото, во своето излагање заменик- народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.

Според заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа препознавањето и индентификацијата на талентираните ученици, како и позитивниот ефект кој ќе се постигне со намалување на бројот на учениците во една паралелка, со што ќе се постигне индивизуализиран пристап кон секој ученик согласно неговите потреби е добра основа за понатамошен развој во образовниот процес.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија