Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ДВОДНЕВЕН СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА 11.06.2019

11-12.06.2019, Скопје

ДВОДНЕВЕН СОСТАНОК НА МРЕЖАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕХАНИЗМИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

„Во 2013 година кога ја формиравме оваа мрежа, ние Националните превентивни механизми од Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија и од Босна и Херцеговина како Омбудсман институција, имавме за цел да ја подобриме соработката и да воспоставиме пракса на размена на искуства, да создадеме подобра синергија меѓу членките на мрежата, како и да обезбедиме меѓусебна поддршка за ефективно исполнување на нашиот мандат, согласно Факултативниот протокол за превенција од тортура (ОПКАТ). Денес, после шест години од функционирањето на оваа мрежа, слободно можам да кажам дека успеавме во замислената цел, односно дека ефектите од мрежното поврзување се видливи. Потврда за ова не е само проширувањето на мрежата со нови членови на националните превентивни механизми од омбудсман институциите (која денес брои 13 членови), туку и поефикасниот начин на кој постапуваат Национални превентивни механизми при посетите на местата на лишување од слобода, а што секако е и резултат на ваквите средби и состаноци на кои заеднички разгледуваме прашања со кои се соочуваме дејствувајќи како превентивен механизам.“

Ова, меѓу другото, го рече народниот правобранител г.Иџет Мемети на отворањето на дводневниот состанок на мрежатата на Националните превентивни механизми, кој се одржа во Скопје на 11 и 12 јуни,а чиј домаќин беше канцеларијата на Нардониот правобранител на Република Северна Македонија.

Имено, ова беше првиот состанок на мрежата на Националните превентивни механизми од Југоисточна Европа во 2019 година, на кој учество зедоа дванаесет Национални превентивни механизми од регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи го и Националниот превентивен механизам на Северна Македонија.
Овогодинешната тема на состанокот на мрежата беше „Стратегии на националните превентивни механизми за превенција и заштита од репресалии“.

На првиот дел од состанокот, свое гледиште на темата дадоа претставници на Поткомитетот за превенција од тортура на ООН, во поглед на изградената политика за заштита од репресалии на Поткомитетот и практичната примена на истата, како и во поглед на веќе дадените препораки од страна на Поткомитетот до Националните превентивни механизми во врска со политиката (или стратегијата) за заштита од репресалии.

Притоа, претставниците на Поткомитетот за превенција од тортура дадоа и сугестии, во поглед на тоа како Националните превентивни механизми би можеле да ја дизајнираат или да ја подобрат сопствената политика (или стратегија) за превенција и заштита од репресалии.

Понатаму, беа презентирани и ставовите на секој поединечен национален превентиВЕН механизам во поглед на индивидуалните стратегии (политики) за превенција и заштита од репресалии.

На вториот дел од состанокот на мрежата на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа беа дискутирани идните планови на мрежата и беа усвоени заклучоци.

На одржаниот прв состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа за 2019 година се следниве препораки и заклучоци:
  1. Националните превентивни механизми треба да бидат свесни дека репресалии и заплашување може да се случат во сите места на лишување од слобода. Но, следејќи го „принципот на ненанесување штета“, се гарантира дека никој нема да биде предмет на одмазда поради исполнување на мандатот на НПМ;
  2.  Активностите за подигање на свеста ќе помогнат да се изгради платформа на доверба за да се поттикнат сите лица слободно да зборуваат со членовите на НПМ, и да бидат сигурни дека „принципот на доверливост“ нема да биде повреден;
  3.  На основа на веќе воспоставената политика за репресалии на Поткомитетот за превенција од тортура, секој НПМ ќе постави индивидуална стратегија и методологија за спречување на репресалии, како и стратегија за понатамошно постапување откако истите веќе ќе се појават.

Пребарување

Кaлендар на настани

август 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија