Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • 01.04.2019

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

22.04.2019

Скопје

РАБОТНА СРЕДБА НА ТЕМА „СЛУЧАИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ И МОНИТОРИРАЊЕ НА УСЛОВИ И ТРЕТМАН КОН ЛИЦА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ“

Заменик- народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа и претставници на Народниот правобранител ангажирани на проектот „Подобрување на системот за правна заштита во врска со азил и натурализација“, остварија работна средба со претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓународната организација ИОМ, Македонското здружение на млади правници и претставник на Основното јавно обвинителство – Скопје, на тема „Трговија со луѓе“.

На работниот состанок се дискутираше за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат сите активни чинители во обидот за спротивставување и борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, и се предложија заеднички идни активности во обидот за што поефикасно дејствување и превенција на овој голем глобален проблем.

Имено, со одлука на Владата на Република Северна Македонија за дополнување на одлуката за образување на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, од годинава Народниот правобранител е назначен за Национален известувач на Република Северна Македонија за трговијата со луѓе. Улогата на Националниот известувач на Република Северна Македонија за трговијата со луѓе е да врши надгледување на  севкупните активности кои се преземени за борба против трговијата со луѓе, собирање и анализа на податоци од сите релевантни партнери, мониторинг и евалуација на спроведувањето на Националната акциска стратегија и план, носење на заклучоци и давање препораки за подобрување и усовршување на борбата против трговијата со луѓе, како и изготвување на Годишен извештај за активностите во тековната година.

На состанокот, заменик Националниот координатор од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција истакна дека во Република Северна Македонија во текот на 2018 година се евидентирани вклупно 9 случаи на жртви на трговија со луѓе – македонски државјани, од коишто 6 се деца. Како најсериозни прашања беа истакнати принципот на неказнивост на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе како и процесот на компензација (обесштетување) којшто засега е тешко остварлив и е неопходно формирање на државен фонд за обесштетување по примерот на законското решение во Косово.
Работниот состанок претставуваше одлична можност да се зајакне соработката и координацијата помеѓу институциите на централно, локално и регионално ниво за идентификација, помош и поддршка на потенцијални жртви и ризични групи, како и да се предвидат идни заеднички активности во насока на превенција и на заштита од трговија со луѓе и илегална миграција.


Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија