Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА НАДЛЕЖНОСТ-ГРАЃАНСКА КОНТРОЛА ПРЕД КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА 12.03.2019

Стразбур, Република Франција

ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА НАДЛЕЖНОСТ-ГРАЃАНСКА КОНТРОЛА ПРЕД КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

На 12 март 2019 година во Стразбур Република Франција, Комитетот на министри на Советот на Европа организира тематска дебата за обврската за спроведување истрага по член 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) , на која учествуваше заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.

Заменичката Мустафа, заедно со помошникот министер за внатрешни работи, г-дин Дејан Андонов, Јавниот обвинител надлежен за Одделението за надворешна контрола на полицијата при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, г-ѓа Гордана Смаќоска и проф. Трпе Стојановски,  беа дел од македонската делегација на директно барање на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот Суд за Човекови Права при Советот на Европа, по состанокот во Скопје ,кој се одржа во втората половина од февруари, со цел  во рамките на расправата на тема полициско насилство и недостиг на ефективна истрага, да се подигне свеста за надворешниот механизам за контрола на полицијата кај другите земји-членки на Советот на Европа.

Дебатата во Советот на Европа беше фокусирана на три области:  недостатоците кои се воочуваат преку пресудите на Судот, независната контрола на истрагите и надомест за жртвит.Заменик -народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа претставувајќи го мандатот на институцијата Народен правобранител за граѓанска контрола, ја потенцира важноста на овој нов механизам, кој заедно со претставници на невладиниот сектор ќе обезбеди поддршка и заштита на жртвите, ќе ги презентира нивните интереси во сите постапки, преку ефикасна и транспарентна истрага при кривични дела и други незаконити постапувања извршени од страна на лица со полициски овластувања и од затворската полиција, а во случаи кога е тоа потребно аргументирано ќе иницира ревизија на постапката пред надлежното одделение за гонење на организиран криминал или т.н. Обвинителство плус.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија