Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ЕМИЛИО ЛОРЕНЦО СЕРРА 25.01.2019

25.01.2019, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ЕМИЛИО ЛОРЕНЦО СЕРРА

Народниот правобранител, г. Иџет Mемети оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, г. Емилио Лоренцо Сера. На средбата амбасадорот беше запознаен со работата на зинституцијата, нејзините надлежности, но и предизвиците со кои таа се соочува.

Правобранителот, г. Мемети особено се осврна на историјатот на институцијата, нејзиниот развој низ годините, земено предвид дека минатата година се одбележаа 20 години постоење на институцијата Народен правобранител, на областите за кои најмногу граѓаните поднесуваат претставки, но се осврна и на новите надлежности што Институцијата ги доби во изминатиот период, а особено со новиот Закон за народниот правобранител, како и соработката со институциите на извршната власт.

Амбасадорот истакна дека како сојузник на Институцијата во годините изминати, Кралството Шпанија и понатаму ќе продолжи да ја дава својата поддршка бидејќи Народниот правобранител како институција е клучната алатка за обезбедување заштита на човековите права и слободи во Република Македонија.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 13
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија