Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ПОСЕБЕНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА НА РАНА ВОЗРАСТ И РАЃАЊЕ ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ МАЈКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 01.02.2019

01.02.2019, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ПОСЕБЕНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА БРЕМЕНОСТА НА РАНА ВОЗРАСТ И РАЃАЊЕ ОД СТРАНА НА МАЛОЛЕТНИ МАЈКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На прес-конференција заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа ги презентираше состојбите содржани во посебениот Извештај од спроведеното истражување за прекин на бременоста на рана возраст и раѓање од страна на малолетни мајки во Репу блика Македонија (за период 2016 - 2017 година).
„За потребите на Истражувањето изготвен е Прашалник кој го доставивме до 17 Клиники и Општи болници во Република Македонија, чија дејност е и гинекологија и акушерство. Истовремено, извршивме непосредни увиди во дел од овие установи, увид во досиејата на лицата/малолетните мајки и оние кои ја прекинале бременоста (абортирале) по случаен избор, а разговаравме и со одговорните лица во Јавните здравствени установи,“ рече меѓу, другото заменичката на народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.

Бајрамовска-Мустафа истакна дека според анализите на податоците малолетничката бременост е присутна на територијата на Република Македонија, односно има случаи на абортус и раѓање од деца на возраст до 18 години, што e особено загрижувачки, ако се има предвид дека психо-физички не се доволно зрели, фактот дека рано стапуваат во сексуален однос, како и дека и во раниот развој на нивната личност забремнуваат, по што одлучуваат да ја прекинат бременоста или да го родат бебето и да ја преземат грижата за него. Исто така, податоците за грижата за новороденчињата покажуваат дека најголем број од бебињата (721) се дадени на натамошна грижа кај малолетната мајка, а 10 бебиња (6 родени во 2016 и 4 во 2017) биле оставени од страна на малолетната мајка и понатаму згрижени во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.

„За надминување на овој проблем потребно е итно преземање мерки за целосно согледување и справување со проблемот со малолетничката бременост“ како и едукација на младите во училиштата, почесто организирање на тематски работилници и други активности  прилагодени на возраста на учениците, а во врска со репродуктивното здравје, начините на заштита од несакана бременост и од сексуално преносливи инфекции. Министерството за здравство да донесе протокол, односно да изготви документ со кој ќе се регулира постапувањето во случаи кога малолетна мајка го напушта бебето, односно го остава во болницата, се до негово преземање од страна на Центрите за социјални работи“, истакна на прес-конференцијата, заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија