Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.03.2019

    СООПШТЕНИЕ

    повеќе
  • 01.03.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ „НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА“

    повеќе
  • 22.02.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО КПУ ЗАТВОР...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

20.12.2018

20-21.12.2018, Попова Шапка

УЧЕСТВО НА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ПРАВОТО И ПРАКСАТА ВО ЗАШТИТА НА БЕГЛАЦИТЕ“

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа и претставници од тимот на Националниот превентивен механизам, учествуваа на тркалезна маса на тема „Правото и праксата во заштита на бегалците“, организирана од страна на Академијата за судии и јавни и обвинители во партнерство со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци.

На тркалезната маса што се одржа на Попова Шапка учествуваа и судии од Вишиот управен суд и Управниот суд на РМ,  претставници од Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци, претставници од Секторот за азил и Секторот за странци при МВР, од Секторот за гранични работи и илегална миграција, како и адвокати и претставници на Македонското здружение на млади правници.

Тркалезната маса беше поделена во три работни сесии и тоа: „Преглед на праксата и предизвиците“, „Закон за меѓународна и привремена заштита“ и „Други пракси и предизвици“. Пред почетокот на работните сесии свое обраќање имаа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители ,Наташа Габер Дамјановска и заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, кои ја истакнаа веќе воспоставената добра соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци, како и значењето и потребата од усогласувањето на правото и праксата во постапувањето со бегалците.

За време на работните сесии беше развиена плодна дискусија помеѓу сите учесници, која вроди со размена на мислења, ставови и заеднички заклучоци во однос на предметната тематика.

Пребарување

Кaлендар на настани

март 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 13
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија