Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.03.2019

    СООПШТЕНИЕ

    повеќе
  • 01.03.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ „НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА“

    повеќе
  • 22.02.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО КПУ ЗАТВОР...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРИСТАП ДО ПРАВДА НА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И РОДОВА ОСНОВА“ 10.12.2018

10-11.12.2018, Приштина

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРИСТАП ДО ПРАВДА НА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И РОДОВА ОСНОВА“

Делегација на канцеларијата на  Народниот правобранител  на Република Македонија предводена од заменик народниот правобранител Сузана Салиу, учествуваше на дводневната регионална коференција на тема „Пристап до правда на жртвите на семејно насилство и родова основа“, која се одржа во Приштина,  под  мотото „Ти не си сама“.

Конференцијата беше организирана од Националниот координатор –Министерството за правда,  во партнерство со повеќе домашни и меѓународни институции меѓу  кои и UN Women и Американската амбасада во Република Косово.

Теми на конференцијата беа  семејното насилство како кривично дело и повреда на човековите права, обврските кои произлегуваат од Истанбулската конвенција, Казнените политики, односно заоштрување на овие политики кон извршителите на овие дела, борбата со предрасудите и влијанието на традицијата во почитувањето на позицијата на жената во семејството и општеството, зголемување на професионалните капацитети и подобрувањето на пристапот до правда на  жртвите,  зголемувањето  на довербата кон институциите, едуцирањето  на младите како гаранција за иднина без семејно насилство, Улогата на Националниот координатор во унапредувањето на сеопфатните политики и градење на унифицирана база на податоци како и многу други теми кои имаат за цел спречување и борба против насилството над жената и воопшто за семејното насилство.

Заменичката на народниот правобранител, г-ѓа Сузана Салиу во своето излагање, меѓу другото, истакна дека Република Македонија направи еден смел и голем чекор со тоа што во декември 2017 година ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против семејното насилствово, позната како Истанбулска конвенција. Усогласувањето на Кривичниот законик  на Република Македонија со Конвенцијата, ќе придонесе за посериозен пристап на судството кон кривичните дела поворзани со семејно насилство.
„Младите треба да се едуцираат во насока на тоа дека семејното насислтво е забрането и дека тоа претставува кривично дело за кое сторителот се казнува со затвор, истакна г-ѓа Сузана Салиу. Македонија има солидна нормативна основа која гарантира градење на едно праведно општество без семејно насислство“ наведе г-ѓа Салиу.


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија