Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • 01.04.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ И...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

10.12.2018

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Во рамките на одбележувањето на 10 декември Меѓународниот ден на човековите права и 70 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, народниот правобранител г .Иџет Мемети учествуваше на конференција „Улогата на адвокатите во заштита и унапредување на човековите права“, организирана од страна на Адвокатската комора на Република Македонија, во партнерство  со Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД).

Зборувајќи на тема „Улогата на заштитниците на човековите слободи и права“ народниот правобранител, г. Мемети истакна дека заштитата на човековите слободи и права бара будност, посветеност и истрајност во напорите за подбрување и унапредување на истите.

„Народниот правобранител и адвокатите се поборници кои се спротивставуваат на неправилностите во општеството, дејствувајќи од позиција на независност и стручност како одлики на владеење на правото. Нашата функција има многу сличности, и покрај стручноста подразбира одговорност, етичност и морал во постапувањето“, рече народниот правобранител, г. Иџет Мемети.

Инаку Конференцијата ја отворија претседателот на Адвокатската комора  на Република Македонија г. Љубомир Михајловски, министерот за правда г-ѓа Рената Дескоска и амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е. Џес Бејли. Учество земаа и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г. Никола Ивановски, заменик претседателот на Адвокатаската комора г-ѓа Јелена Ристиќ, Владиниот агент, Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права г-ѓа Даница Џонова и г-ѓа Неда Наумовска од Фондацијата отворено општество.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија