Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 06.03.2019

    СООПШТЕНИЕ

    повеќе
  • 01.03.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ДЕНОТ „НУЛТА ДИСКРИМИНАЦИЈА“

    повеќе
  • 22.02.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО КПУ ЗАТВОР...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЗАМЕНИК НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА КОФЕРЕНЦИЈА „НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ЗА ОПШТЕСТВОТО“ 10.12.2018

Скопје

ЗАМЕНИК НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА УЧЕСТВУВАШЕ НА КОФЕРЕНЦИЈА „НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ЗА ОПШТЕСТВОТО“

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа учествуваше на завршната конференција на проектот „Надвор од кругот – невидливи за општеството“,што се одржа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

По повод Конференцијата, на едно место се собра претставници на меѓународните организации, релевантните национални институции, претставници на матичните служби, локалните координативни тела и останати релевантни чинители, кои дискутира и ги презентираа досегашните постигнувања и резултати во однос на решавањето на проблемот на лицата без извод од матичната книга на родени.

Заменичката на народниот правобранител, зборувајќи на оваа тема пред присутните потенцира дека проблемот на лицата без извод од матичната книга на родени, Народниот правобранител го нотира уште во 2008 година, за што со Посебна информација ги информира надлежните Министерства, со конкретни препораки, но оттогаш многу малку е направено. Г-ѓа Мустафа го повтори ставот дека само преку системско решавање на проблемот може да се очекуваат видливи резултати, што се потврдува и со фактот дека иако имало неколку обиди, се уште не може да се излезе со точна бројка на лица кои имаат таков проблем.

Поздравувавјќи го извештајот презентиран на Конференцијата  заменичката Мустафа потсети дека минатата година Народниот правобранител покрена иницијатива за измена на Законот за вонпарничка постапка, што беше прифатено од Владата на Република Македонија, што претставува чекор напред кон решавање на ова повеќегодишно прашање. Меѓутоа, додаде, дека не треба да се заврши само на тоа, туку дека измените на овој закон налагаат и соодветни измени на други закони, меѓу кои на Законот за матична евиденција. Истовремено, според заменичката г-ѓа Мустафа а во пракса треба да се размисли и за решенија како што се привремени лични карти и издавање на матични броеви на неевидентираните лица, кои се во постапка за запишување, со цел непречен пристап и остварување на гарантираните права.

Овој настан е во организација на Асоцијација иницијатива за социјална промена – ИнСоК, во партнерство со Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите – Месечина од Гостивар,, Здружението за заштита на правата на Ромите -Штип и Ромски Едукативен Центар Амбрела – Шуто Оризари.

Пребарување

Кaлендар на настани

март 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 6
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија