Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ПРИСТАПОТ ДО АЗИЛ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ И БЕГАЛЦИ ВО ТРАНЗИТ“ 03.12.2018

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „ЗАШТИТА НА ПРИСТАПОТ ДО АЗИЛ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ И БЕГАЛЦИ ВО ТРАНЗИТ“

„Од почетокот на Бегалската криза во 2015 година, Народниот Правобранител одблиску ги следеше состојбите со почитувањето на правата на мигрантите и бегалците, а постапувањата на институциите и справувањето со бранот бегалци и мигранти, беа прашања на кои ние посветивме особено внимание. Народниот Правобранител – Национален превентивен механизам, вршеше и се уште врши посети на сите места низ Републиката каде што се врши прифат на мигранти и бегалци, а засегнатите состојби на терен, редовно ги нотиравме во нашите извештаи посочувајќи ги директно нарушувањата на правата на бегалците и мигрантите. Истовремено, настапувавме и се уште настапуваме со конкретни препораки со цел подобрување на институционалниот одговор на бегалските предизвици и текови.“

Меѓу другото рече народниот правобранител г. Иџет Мемети во својот позрдавен говор на конференцијата „Заштита на пристапот до азил и заштита на правата на барателi на азил и бегалци во транзит„ на која беа претставени документите „Гап“ анализа и „Извештај за човековите права“. Конференцијата беше организирана од невладината организација „Легис“ во соработка со канцеларијата на Народниот правобранител, финансиски поддржана од фондацијата  Unitarian Universalist Service Committee (UUCS) од Соединетите Американски Држави.
Во своето излагање г. Мемети истакна дека Народниот правобранител повеќепати во посебните извештаи, но и во јавноста го има осудено групното депортирање на бегалци/мигранти во соседните земји.

„Сметам дека ваквото постапување претставува груба повреда на човековите права, загарантирани пред сé со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година, како и повреда на човековиот интегритет и достоинство. Притоа, во никој случај не може да се прифати образложението на претставниците од Министерството за внатрешни работи дека, ваквиот начин на депортирање на лица со нерегуларен влез е воспоставена пракса и од соседните држави“, рече народниот правобранител г. Иџет Мемети.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 39
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија