Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 10.12.2018

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

    повеќе
  • 20.11.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.09.2018

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА „ВКЛУЧЕНОСТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ПРЕДУЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ 03.12.2018

03.12.2018, Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ИЗВЕШТАЈОТ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА „ВКЛУЧЕНОСТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ПРЕДУЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“

„Клучна цел на ова истражување беше да ја согледаме состојбата со вклученоста на децата со попреченост во детските градинки, дали и колку се подготвени за работа со деца со попреченост, предизвиците со кои се соочуваат при обезбедувањето еднакви можности за вклучување на сите деца. Воедно, дали условите и преземените мерки осигуруваат соодветно згрижување и воспитание на овие деца, како основа за утврдување на препораки за еднаков и квалитетен пристап и престој за сите деца во детските градинки. Во истражувањето анализирани се одговори од 58 градинки, што е 89 %, а 7 градинки не одговорите на прашалникот. Притоа, во однос на застапеноста, податоците покажуваат дека во 39 градинки (или 68%) има згрижено деца со попреченоста, чиј број изнесува 415, што е 1,19% од вкупниот број на деца вклучени во градинки (34.700 деца).“

Ова, меѓу другото го рече заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на прес-конференцијата на која ги презентираше извештајот за „Вклученоста на децата со попреченост во Предучилишното образование“, изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите предучилишни установи  во Република Македонија, а  подготвен од страна на канцеларијата на Народниот правобранител, и невладината организација  „Отворете ги прозорците“, со финансиска поддршка на Европската Унија и канцеларијата на УНИЦЕФ.
   
Според Бајрамовска-Мустафа податоците од истражувањето посочуваат на непочитување или само делумно почитување на воспоставените стандарди за бројност на групите, соодветни просторни услови и опременост на градинките. Дел од градинките се на непристапни места, а во руралните средини има недостаток од градинки, факт кој загрижува, дотолку повеќе што токму во руралните средини значитно е помал процент на деца кои посетуваат предучилишно образование (како и дека според Мулти индикаторското кластерско истражување од 2011 година, процентот на запишани деца на возраст од 3-6 години во предучилишна установа во урбана средина бил 37, додека во руралните само 6).

„Со цел подобрување на процесот во предучилишното образование за сите деца, вклучително и за децата  со попреченост, меѓу другото препорачуваме:
  • При уписот и приемот на децата доследно да се применуваат, и да се дополнат постоечките законски одредби кои го уредуваат ова прашање, и да се обезбеди целосна документација од релевантна институција со која се опишува тимот на попреченост и моменталната состојба на детето.
  • Надлежните органи од социјалната заштита да ја следат, но и да се вклучат во тековната реформа на процесот на утврдување на видот и степенот на попреченоста, согласно Меѓународната класификација на функционалноста, попреченост и здравјe.
  • Неопходно е да се воспостави механизам за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост во градинките, како и измени и дополнувања на законската регулатива за целосна усогласување на националното законодавство, со клучните меѓународни документи на ова поле: КПЛП, КПД и Декларацијата од Саламанка. Притоа, овие измени да се подготват во партиципативен процес и консултации со лица со попреченост, нивните семејства, граѓанскиот сектор, воспитувачи и претставници од стручните служби од градинките, експерти и професионалци и слично“ изтакна заменик-народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа.

Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2018
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија